Утрински Весник
Македонија

Општина Кичево ќе подели 100 таблети за ученици од ранливи категории семејства

Општина Кичево ќе подели 100 таблети за ученици од ранливи категории семејства

Кичево, 29 април 2020 (МИА) – Општина Кичево информираше дека ќе подели 100 таблети на ученици од ранливи категории семејства, кои се донација на компанијата „Еколог интернационал“.

Таблетите ќе бидат поделени на сите училишта на пропорционален начин, а понатаму на директорите на училиштата ќе ги дистирбуираат таблетите на децата кои припаѓаат на социјално ранливи групи, посочија од кичевската локална самоуправа.

Проектот има за цел да им излезе во пресрет на учениците, кои имаат потреба за дигитални уреди за онлајн наставата, информира „Еколог Интернационал“, посочувајќи дека поделила илјадници таблети низ целата држава.
Општина Кичево по приемот на донација преку соопштение изрази благодарност до оваа компанија.

– „Еколог“ како и секогаш, продолжува со одгледување вредности за одржлив развој на нашето општество, во сите сфери. Во оваа прилика, Општина Кичево изразува длабока благодарност за донацијата што ја добивме од компанијата, гигантот „Еколог“, со желба персоналот и основачот Лазим Дестани прво да имаат добро здравје и да ги следи добро во секој чекор од животот, се вели во соопштението на општина Кичево упатено до јавноста.

Во наредните денови, електронските уреди ќе бидат дистрибуирани до сите сиромашни ученици и до сите социјално загрозени семејства. рз/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година