Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат потрошувачи во делови од скопските општини Ѓорче Петров, Аеродром и Бутел, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според инфомациите од ЕВН, во периодот од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Црногорска“ во Општина Ѓорче Петров, од 08:30 до 12 часот корисниците од дел од улицата „1616“ во Општина Аеродром, од 08:30 до 14:00 часот корисниците од дел од село Кучково во Општина Ѓорче Петров и од 09:00 до 12:00 часот корисниците на улица „Петар Манџуков“ на броевите 75 и 77 во Општина Бутел.
ЦУК соопшти и дека во текот на утрешниот дел заради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник 250 милиметри на улица „Македонско косовска бригада“ бр. 41 во скопската Општина Чаир, од 08:30 часот, па до завршување на интервенцијата, прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица кај крак 11, потоа ресторанот „Аванти“, Трговскиот центар „Рентал Поинт“ и објектите во кругот на касарната „Илинден“.
Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје заради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од три цола, утре од 9 часот, па до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Цицо Поповиќ“ во Општина Центар. сп/