Утрински Весник
Спорт

Минхен останува меѓу домаќините на ЕП 2020

Минхен останува меѓу домаќините на ЕП 2020
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Минхен, 29 април 2020 (МИА) – Минхен ќе остане меѓу градовите кои ќе бидат домаќини на натпревари од Европскиот шампионат, кој беше преместенза 2021 година, поради пандемијата од коронавирус.

Општината во еден од најголемите градови во Германија потврди дека „Алијанц Арената“ ќе биде домаќин на вкупно четири натпревари на Европското првенство. УЕФА го одложи континенталниот турнир за периодот 11 јуни – 11 јули 2021 година, што значеше дека секој од 12-те града домаќини мораше да го потврди своето учество.

Минхен ќе биде домаќин на трите натпревари на Германија во групната фаза против европскиот шампион Португалија, светскиот шампион Франција и друга екипа која ќе се квалификува преку плеј-офот.

Стадионот на германскиот шампион Баерн Минхен ќе биде домаќин и на едно четвртфинале на Европското првенство.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата