Утрински Весник
Спорт

Иднината на Месут Озил станува сè понеизвесна

Карагер за Озил: Не го напаѓам, но најплатениот играч треба да биде пример

Лондон, 29 април 2020 (МИА) – Иднината на Месут Озил во Арсенал станува сè понеизвесна. Клубот во оваа фаза не му понуди нов договор, а сегашниот истекува во 2021 година.

Минатото лето, „топџиите“ беа подготвени да се разделат со него, но трансфер така и не се случи. По пристигнувањето на Микел Артета во декември, Германецот започна да игра редовно. Сепак, ова не ја смени позицијата на раководството, кое не е сигурно дека сака да го задржи.

Негов главен проблем е неговата огромна плата од 350.000 фунти неделно. Тој повторно потпиша под овие услови во јануари 2018 година и од тогаш оваа одлука на „топџиите“ доби сериозна критика.

Во тоа време, остануваа шест месеци до истек на договорот, а клубот се раздели со Алексис Санчез. На Арсенал им беше извршен притисок да не изгубат уште една ѕвезда и ја нарушија структурата на платите за да го задржат Германецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026