Утрински Весник
Македонија

Општинскиот кризен штаб во Берово со нови мерки и препораки

Општинскиот кризен штаб во Берово со нови мерки и препораки

Берово, 29 април 2020 (МИА) – Сопствениците на објекти наменети за комерцијално сместување на туристи да се воздржат од комерцијално издавање на просторот за време на продолжениот викенд. Ова е главниот заклучок на Општинскиот кризен штаб во Берово, кој денеска донесе и други мерки, препораки и заклучоци пред продолжениот првомајски викенд.

-Во тој контекст упатувме апел до населението и туристите во пресрет на престојниот празник, да се придржуваат кон мерките и препораките на Владата, да избегнуваат поголеми групирања и големи прослави.Посебно на помладите им препорачуваме да бидат совесни, со тоа што ќе одбегнуваат палење оган на отворено.Полициските контроли ќе бидат интезивирани на ниво на целата територија на општината, поготово низ туристичките населби, а за секоја друга затекната ситуација, ќе се сноси одговорност, информираа од Кризнит штаб во Берово.

Како што посочија, дозволи за земјоделците со неригистрирани стопанства и понатаму ќе се издаваат во четврток до 13:30 часот.

-Истите ќе важат за деновите, петок, сабота и недела од 14:00 до 16:00 часот. Начинот на аплицирање, останува истиот, што значи дека пријавувањето се врши со лични податоци (од лична карта), возило со кое ќе се движат (регитарски табли) и местото до кое ќе се движат, додадоа од Општинскиот кризен штаб.

Во истовреме остануваат отворени броевите за пријавување на семејно и родово насилство објавени на општинската веб-страница, при што во случај на нужност дозволено е движење на жртвите за време на полициски час. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта