Утрински Весник
Македонија

Решенијата за општински даноци и за комунална такса во Кочани се доставуваат по електронска пошта

Триесет и три лица од Кочани во домашна изолација

Кочани, 29 април 2019 (МИА) – Поради вонредната состојба со епидемијата од коронавирусот, Општина Кочани почнува со достава на решенијата за даноци и за комунална такса по електронска пошта.

Со оглед што работењето и активностите на општинската администрација се намалени, на овој начин ќе се запази рокот за испраќање на документите до физичките и правните субјекти кои треба навремено да ги подмират обврските.

– Вообичаено, за достава на овие решенија ангажиравме лица со договор на дело. Но, за да се намали ризикот од ширењето на КОВИД-19, во овој период најбезбедна е доставата по електронска пошта. Затоа ги повикуваме физичките и правните лица коишто се наши даночни обврзници и коишто имаат е-адреси, да контактираат со нашите службеници за да им бидат испратени даночните решенија, истакнаа од Одделението за даноци, такси и надоместоци на Општина Кочани.

Даночните обврзници можат да контактираат со општинските служби преку посебната електронска адреса danoci2020@kocani.gov.mk, како и телефонски со вработените во Одделението за даноци.

За наплата на општинските даноци во 2020 година, Општина Кочани треба да достави 12.627 решенија за данок на имот на физички и правни субјекти и 1.742 решенија за комунална такса, односно фирмарина. та/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо