Утрински Весник
Македонија

Парични казни за 26 обвинети лица во Струмица

Парични казни за 26 обвинети лица во Струмица

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – ОЈО Струмица поднесе казнени налози против 26 обвинетите, кој во периодот од 24 март до 8 април, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата, соопштија од обвинителство.

– Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, наведуваат од ОЈО Струмица.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 30 евра во денарска противвредност.​ оџ​/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

Син со 30 убоди го уби својот татко – ОЈО бара притвор

Ѓоко Велковски ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади