Утрински Весник
Македонија

Онлајн презентација на калиграфските дела на иранскиот уметник Мохамедреза Афшари

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Музејот на македонската борба под мотото „ Музеите работат, иако се затворени“ во соработка со Амбасадата на Исламската Република Иран во Скопје направи видео потсетување на калиграфските дела на иранскиот уметник Мохамедреза Афшари, кој од 17 до 24 февруари годинава во „Порта Македонија“ имаше изложба на своите дела.

Видеото може да се следи на линкот.

– Пандемијата „Ковид-19“ создаде големи проблеми во разни сегменти на општествениот живот, меѓу кои и уметничките активности. Како резултат на настанатата ситуација, многу институции започнаа со онлајн програми со цел да не се запрат нивните активности, па во таа насока е направено и видеото, се наведува во соопштението од Амбасадата. мс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети и Османи на средба со американски конгресмен

ДОЛГОРОЧНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Летни температури но и локална нестабилност

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза