Утрински Весник
Економија

Ангеловска не ја коментира одлуката на Уставниот суд, но смета дека сите треба да бидат солидарни

Уставниот суд има оформено предмет за вработените во СЈО, нема за владината одлука за пари за високообразовни установи

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Ангеловска не сака да ја коментира одлуката на Уставниот суд за оспорување на уредбата на Владата со која сите именувани лица требаше да земат минимална плата од 14.500 денари, но вели дека сите треба да бидат солидарни во ситуација кога земјава се справува со коронавирусот.

На прес-конференцијата во Владата, Ангеловска рече дека како министер останува на ставоти оти сите треба солидарно да понесат дел од одговорноста.

– Сметам дека и администрацијата треба да понесе дел од товарот кој го носи приватниот сектор и вработените во приватните компании, а кои се оние кои го полнат Буџетот. Не би ја коментирала одлуката на Уставниот суд, но очекуваме дека сите ќе бидат солидарни и никој нема да остане недопрен во оваа криза. Тоа е многу важно да го прикажеме преку своите дела, истакна Ангеловска. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија