Утрински Весник
Македонија

Зелениот пазар во Берово од утре повторно почнува со работа

Зелениот пазар во Берово од утре повторно почнува со работа

Берово, 29 април 2020 (МИА) – Од утре, 30 април 2020 година започнува со работа зелениот пазар во Берово. Поради препораките за заштита од Ковид-19 пазарот, како што информираат од Општината, ќе биде отворен исклучиво за земјоделски производи.
-Препорачливо е задолжително носење на заштитни маски и ракавици, како за продавачите на тезгите, така и за посетителите на пазарот. Во исто време ќе се врши контрола и ќе се санкционираат оние уличните препродавачи на градинарски производи кои немаат дозвола за вршење на таква дејност, информираа надлежните.
Препораките, како што додаваат, ќе важат и за посетителите ќе мораат да се придржуваат до препораките за растојание.
-Тезгите ќе бидат на потребната дистанца, а на двата влеза на пазарот ќе има редари кои ќе внимаваат дали ќе се следат насоките, додаваат од Кризниот штаб.
Берово е меѓу ретките општини каде досега не е регистриран позитивен случај на Ковид-19. За утре е закажан нов состанок на Кризниот штаб кој ќе донесе дополнителни мерки пред претстојниот продолжен викенд. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”