Утрински Весник
Македонија

Тунел за дезинфекција на луѓе пред градскиот пазар во Кавадарци

Тунел за дезинфекција на луѓе пред градскиот пазар во Кавадарци

Кавадарци, 29 април 2020 (МИА) – Тунел за дезинфекција на луѓе од денеска е поставен пред градскиот пазар во Кавадарци, како една од многубројните превентивни мерки против коронавирус кои ги презема кавадаречката локална ссмоуправа.

– Се приклучуваме кон светските практики за борба со вирусот. Пазарот е најфреквентното место во градот. Тунелот испушта водена прашина во која има еколошки био раствор кој ги неутрализира бактериите и вирусите. Идејата е да се постигне максимална заштита на луѓето кои влегуваат и излегуваат од градскиот пазаришен простор. Тунелот го добивме како резултат на иницијатива и донација од општествено одговорни субјекти, нагласија од локалната самоуправа.

Електронскиот дел на тунелот е изработен и дониран  од професорот иноватор Димитрија Ангелков.  Донирале и дизајн студио „Нова-М”, „Грин хаус”, автосервис „Автомито”. свд/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс на буџетот!

Ковачевски за 4ТВ: Мерките на Владата се задоцнети и недоволни, потребен е итен план!

Даде ли СДСМ согласност за Ковачевски да гостува на емисија? – „Им пишав, ама не ми вратија“, низ смеа вели екс премиерот!