Утрински Весник
Спорт

Фетел може да ја продолжи кариерата во Мекларен

Фетел навести за нов договор со Ферари
Dik 300x250 mk

Берлин, 29 април 2020 (МИА) – Пилотот во Формула 1, Себастијан Фетел од Ферари може да ја продолжи кариерата во Мекларен, изјави новинарот на „Скај Германија“, Саша Рос.

– Фетел доби непријатна понуда од Ферари со сериозно намалување на платата. Очигледно, Себастијан не се смета за број 1 во тимот. Веројатно, му бил понуден договор, кој нема да го потпише. Во овој случај, неговото место во Ферари ќе биде испразнето за Карлос Саинц од Мекларен. Фетел може да оди во спротивна насока. Себастијан добро се знае со шефот на Мекларен Андреас Сеидл, тие работеа заедно во BMW. Во ситуацијата со Фетел, не станува збор за пари. Тој е заинтересиран за статус и силен, успешен автомобил. Мекларен сега ќе има мотор на Мерцедес, што не е лошо и би можело да стане привлечна опција за Себастијан, вели Рос.

Договорот на Фетел со Ферари важи до крајот на 2020 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата