Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Граѓаните да ја преземат апликацијата „Стоп Корона“

?

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски преку својот фејсбук профил повика граѓаните да ја преземат апликацијата „Стоп Корона“ која евидентира дали биле во непосредна близина со заболен од Ковид-19.

-Преземи ја апликацијата од https://stop.koronavirus.gov.mk/ и активирај Bluetooth. Кога вашиот телефон ќе се најде во непосредна близина со телефонот на лице заболено од КОВИД-19 кое исто така ја активирало апликацијата, оваа информација со ваша дозвола се евидентира во здравствениот систем, пишува Спасовски на фејсбук.

Како што наведува премиерот, „Стоп Корона“ е мобилна апликација на Министерството за здравство, која откако граѓаните ќе ја симнат во својот мобилен, евидентира дали биле во непосредна близина на лице заболено од КОВИД-19 во изминатите 14 дена.

-Заштити се себе и твоите најблиски. Помогни – заедно да го стопираме ширењето на коронавирусот. Од нас зависи!, пишува на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип