Утрински Весник
Македонија

Црвен крст Кавадарци со повик за крводарувања поради зголемени потреби од крв

Црвен крст Кавадарци со повик за крводарувања поради зголемени потреби од крв
Dik 300x250 mk

Кавадарци, 29 април 2020 (МИА) – Црвен крст Кавадарци денеска упати повик за доброволни крводарувања до сите хумани граѓани, поради зголемени потреби од крв.

– Поради зголемени потреби на сите крвни единици на ниво на држава, а и за потребите за интервенции на граѓани од нашите две општини Кавадарци и Росоман, упатуваме повик за доброволно дарување на крв во кабинетот за трансфузиологија во ЈЗУ Општа  болница Кавадарци,  секој работен ден од 9-13 часот, рече Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци.

Тој нагласи дека секое крводарување значи спасување нечиј живот. Каракулев додаде дека кавадарчани и росоманци се хумани и секогаш на врвот по крводарувања во државата. свд/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница