Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Четиринаесетгодишна скопјанка исчезнала од Кавадарци

Скопје, 29 април 2020 (МИА)На 28 април во 10.20 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Варшавска“ го лишиле од слобода Д.А.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.04.2020 во 12.55 часот било пријавено дека во Битола на ул.„8 Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шевролет калос“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(62) од с.Трн, битолско, и мотоцикл „пјаџо“, управуван од И.Р.(27) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 28.04.2020 во 16.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип В.С.(47) од с.Лозово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

На 28.04.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Шаторов Шарло“ и ул.„Милан Зечар“ патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(36) од Скопје, удрило во пешак С.З.(79) од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 28.04.2020 во 17.35 часот било пријавено дека на ул.,,Никола Тесла’’ во Струмица возило удрило во четиригодишен пешак од Струмица, по што го напуштило местото на незгодата. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Струмица, во присуство на Јавен обвинител. Од страна на полициски службеници патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, е пронајдено, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 28.04.2020 во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода К.Е.(80) од Скопје пријавила дека на ул.„Баница“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога. оџ

На 28.04.2020 во 12.15 часот во Полициската станица Карпош Д.Б.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Јуриј Гагарин“ бил каснат од куче скитник.оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ