Утрински Весник
Македонија

Советот на Општина Охрид утрешната седница ќе ја одржи преку интернет-врска

Советот на Општина Охрид утрешната седница ќе ја одржи преку интернет-врска

Охрид, 29 април 2020 (МИА) – Советот на Општина Охрид, утрешната седница, поради актуелната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот, ќе ја одржи преку интернет конференциска врска.

На дневен ред на седницата е предлог oдлуката за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот – закупнината за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.

Како што соопшти општината, на дневен ред се и предлог oдлуката за изменување на одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност, предлог-годишната програма за измени и дополнување на годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и предлог – одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за ЈП „Нискоградба Охрид “-Охрид. аб/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила