Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел подели 200 хуманитарни пакети за лица погодени од кризата

Општина Бутел подели 200 хуманитарни пакети за лица погодени од кризата

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Општина Бутел во соработка со невладината организација „Извор“ подели 200 хуманитарни пакети со основни намирници за сите лица кои се најпогодени од кризата настаната од коронавирусот.

Како што се наведува во соопштение на општината, минатата недела по повод Велигденските празници и во пресрет на Рамазанските пости, градоначалникот Велимир Смилевски заедно со волонтерите од „Извор“ поделиле 200 пакети на три пункта: Визбегово, Бутел 2 улица „Рокомија“ и Бутел 1 на улица „Боца Иванова“.

Оттаму посочуваат дека акцијата за делење на пакети со храна за овааа ранлива категорија општината ќе ја продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила