Утрински Весник
Македонија

Четири лица од Делчевско не ја почитувале мерката за ограничено движење

Четири лица од Делчевско не ја почитувале мерката за ограничено движење
Dik 300x250 mk

Делчево, 29 април 2020 (МИА) – Четири лица од делчевскиот регион не го почитувале полицискиот час во изминатите 24 часа. Според соопштението на полицијата, се работи за лица на возраст од 22 до 53 години.

– Се работи за лицата Б.П.(36) од село Тработивиште, делчевско, П.С.(38).и Д.Д.(22) и двајцата од Делчево, како и М.К.(53) од делчевското село Вирче. Пријавените, во период од 31.03.2020 до 27.04.2020 година не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење, информираат од полицијата.

Кон истите лица, како што додаваат ќе биде поведена прекршочна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. вс/oџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми