Утрински Весник
Спорт

Продолжувањето на Премиер лигата се планира на 13 јуни

Извршен директор на Премиер лигата: Ако сезоната 2019/20 не заврши, ќе изгубиме милијарда фунти

Лондон, 29 април 2020 (МИА) – Обновувањето на сезоната во најквалитетната фудбалска лига на Англија е закажано за 13 јуни, објави „Мирор“. Клубовите веќе се известени за овој датум. Сепак, сезоната ќе започне доколку владата на Велика Британија тоа го дозволи.

Британската влада воведе карантински мерки за спречување на епидемијата на коронавирус најмалку до 7 мај.

Во исто време, фудбалерите на англиските клубови се загрижени дека натпреварите може да се продолжат пред да бидат целосно безбедни, пренесе „Телеграф“. Тие мислат дека ризикот од инфекција со коронавирус е сè уште голем, така што тие не сакаат да го ризикуваат нивното здравје. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп