Утрински Весник
Македонија

Хотел Молика: Згриживме 200 граѓани во државен карантин, жал ни е што неколку лица не се задоволни во хотелот

Хотел Молика: Згриживме 200 граѓани во државен карантин, жал ни е што неколку лица не се задоволни во хотелот

28 април 2020

Почитувани

Сакаме да ја известиме јавноста дека хотелот ,,Молика” работи по највисоки стандарди и ги запазува сите протоколи и процедури, како во секојдневни услови, така и во услови на државен карантин во кои во моментов пружаме услуги.

Во врска со ситуација минатата недела, во која на хотелот му беше испорачан запакован прехранбен производ кој не беше во исправна состојба и кое нешто се утврди дури по отворањето на паковањата, сакаме да ја известиме јавноста дека од наша страна веднаш беше направен записник од фактичката состојба и писмено реагиравме до добавувачот кој има склучено договор со нас за добавување млечни производи, но исто така реакцијата се однесува и до самиот производител. Во реакцијата посочивме дека нивниот пропуст се одразува на нашиот имиџ како познат угостителски објект и бренд, а исто така и врз нашите гости, и дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропуст од нивна страна.

Сакаме да потенцираме дека сите граѓани кои издржуваа и издржуваат државен карантин во хотелот ,,Молика” се многу задоволни од престојот, условите и услугата од наша страна, и нивните коментари одат во насока на изразување благодарност за се што правиме за да им го олесниме ова, за нив, тешко искуство за кое ние имаме големо човечко разбирање.

Во однос на исхраната, хотел ,,Молика” за лицата кои се во карантин во нашиот објект обезбедува мени по сите хотелски стандарди и стандарди во туризмот. Исто така, обезбедуваме и соодветно мени согласно побарувањата на дел од лицата во карантин врз основа на нивните верски и религиозни определби.

Сметаме дека не е во ред поединци да се обидуваат да градат друга слика во јавноста, поинаква од реалната, и апелираме до медиумите и до граѓаните кои ги следат случувањата, да не се потпираат само на искази на една личност, во кој и да е случај, па така и во овој случај.

Сакам да нагласам дека нашите вработени работат под вонредни околности, опслужувајќи лица во државен карантин, и за жал нивната работа е отежната токму и поради неодговорното однесување на мал број од тие лица кои се обидуваат да ги прекршат протоколите, но за среќа има навремена реакција од органите на редот, што резултираше и со казни за лицата, за што јавноста веќе беше известена.

Ние како хотел Молика и како бренд во туризмот на нашите простори, реагираме на обидот одредени незадоволства на дел од штитениците во карантинот, кои потекнуваат од други причини, да бидат пренасочени кон нанесување штета на имиџот на хотел ,,Молика”.

Изјава на Никола Каровски, извршен директор на ЕЛЕМТУРС, во чија надлежност е управувањето со хотелите ,,Молика”, „Славија” и ,,Попова Шапка”.

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година