Утрински Весник
Македонија

Влада: Поведената постапка на Уставниот суд за платите на функционерите, судиите и обвинителите директно штети на обезбедувањето средства за справување со Ковид-19

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.

Со оваа одлука, потенцираат од Владата, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19.

Владата, како што се наведува во соопштението, изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот. ев/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година