Утрински Весник
Македонија

Не постои универзална форма за лекување на пациентите од КОВИД-19

Не постои универзална форма за лекување на пациентите од КОВИД-19

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Во светот досега нема една универзална форма на лекување на пациентите заразени со КОВИД-19, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Нема еден универзален пристап во лекувањето зашто болеста КОВИД-19 има многу различни манифестации од најлесна, па дури и гастроентистинални тегоби, преку лесна форма на настинка, средна форма кога е компромитирано сериозно дишењето и најтешка форма кога се пациентите зависни од респираторна машина. Се прават комбинации на лекови заради тоа што страдаат повеќе органи, рече Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тоа, посочи, е нешто што го дефинираат лекарите при третманот заради тоа што на дефинирање на терапијата претходат многу анализи како што се крвни анализи, рентгенски слики на бели дробови, ехо снимки,…

-Сето тоа се прави секојденвно и бара и секојдневен увид во евентуално додавање, одземање, менување на дозите на различна терапија, рече Филипче и додаде дека досега во светот нема една универзална форма на лекување за овие пациенти.

Прашан како ќе се одвива наставата за следната учебна година за да се обезбеди доволно растојание меѓу учениците и како ќе работат градинките, министерот за здравство рече дека се уште се изработуваат моделите како ќе функционира тоа. Потенцираше дека организацијата ќе биде предизвик за градинките, но оти ќе се остави тоа да го решат експертите.

-Разговаравме со претседателот на Владата, министерот за образование и наука во однос на сите овие детали заедно со вклучени луѓе од Комисијата кои работат на тие критериуми. Во таа смисла сеуште се изработуваат моделите во кои сето тоа треба да се изведе. Знам дека ќе биде предизвик во градинките, но ќе оставиме експертите да го кажат своето мислење во соработка со претставници на МОН заради носење на заеднички план кој потоа ќе биде достапен за јавноста и пред се за институциите кои треба да го имплементираат, прецизира Филипче. вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат