Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп пристигна донација од кинескиот збратимен град Дејанг

Во Прилеп пристигна донација од кинескиот збратимен град Дејанг

Прилеп, 28 април 2020 (МИА) – Со 200 заштитни одела денеска во Прилеп пристигна донацијата од збратимениот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, како поддршка на Народна Република Кина за Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата на Ковид-19.

Како што информираат од Општина Прилеп, во писмото кое градоначалникот на Дејанг, Хе Ли, го испрати до својот колега, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, се истакнува поддршката за граѓаните на Северна Македонија и убеденоста дека брзата акција преземена од Владата и огромните напори направени од локалните власти ќе придонесат за победа над коронавирусот.

Заблагодарувајќи се на донацијата, Јованоски потенцираше дека заштитните одела, односно скафандерите, ќе бидат од голема важност пред сѐ за медицинскиот персонал од здравствените установи во градот.

Јованоски изрази надеж дека по завршувањето на пандемијата, ќе се интензивира соработката помеѓу Прилеп и Дејанг, првенствено на економски план. ем/мд/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад

Ставот на МАНУ е дека постои само една национална академија и оти во неа нема место за политички влијанија, за Мицкоски иднината не е во поделби туку во обединување

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата