Утрински Весник
Македонија

Донација од 50 таблети за штипските ученици од социјално ранливите семејства

Донација од 50 таблети за штипските ученици од социјално ранливите семејства

Штип, 28 април 2020 (МИА)Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска прими донација од 50 таблети за деца од основните училишта кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, што треба да им помогнат да ги следат онлајн часовите додека трае вонредната состојба.

Сакам да упатам огромна благодарност до фирмата Еколог интернационал и семејството Дестани од Тетово кои во овие тешки моменти за државата покажуваат огромна општествена одговорност и донираат таблети насекаде во државата. Во Штип се донирани 50 таблети за деца од социјално загрозени семејства кои учат во основните училишта, рече Бочварски.

Филантропот Лазим Дестани од тетовската фирма „Еколог Интернационал“ се заблагодари на соработката со државните институции, кои ги дале информациите на колку деца им се потребни таблети за да можат да се вклучат во наставата.

-Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата поради Ковид-19, е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжат да ја следат наставата без пречки, вели Дестани.

Проектите посветени за децата и за учениците, го сочинуваат главниот дел на филозофијата за општествената одговорност на компанијата, истакнуваат од оваа компанија. вдј/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди

Уште една жртва од нападот во училиштето за танци во Англија, на повредите им подлегна деветгодишно девојче