Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово доби 100 таблети за ученици од ранливи категории

Општина Тетово доби 100 таблети за ученици од ранливи категории
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 28 април 2020 (МИА) – Општина Тетово информираше дека ќе се поделат 100 таблети на ученици кои се донација на компанијата Еколог интернационал.

– Денескa компанијата Еколог на општина Тетово и донираше 100 таблети. Истите ќе бидат поделени на сите училишта на пропорционален начин, а понатаму на директорите на училиштата кои понатаму ќе ги пренесат таблетите на децата кои припаѓаат на социјално ранливи групи, посочија од тетовската локална самоуправа.

Компанијата Еколог Интернационал, доделува илјадници таблети низ целата држава.

роектот има за цел да им излезе во пресрет на најитните случаи на државно ниво, кои имаат потреба  за дигитални уреди за онлајн наставата, информираат од Еколог Интернационал.

Вчера беа дистрибуирани таблети во руралните тетовски општини. ас/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Густа магла на повеќе патни правци

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекција Битола – Елбасан

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години