Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен

Скопје, 28 април 2020 (МИА)На 27 април во 21.50 часот, на бул.„АСНОМ“ во Охрид, А.Н.(40) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз полициски службеник кој вршел службени дејства. Тој е приведен, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.04.2020 околу 17.30 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Коце Металец“ настанал пожар во поткровјето од куќата сопственост на Д.Ј. од Крива Паланка. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Крива Паланка. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

На 27.04.2020 во 12.15 часот во СВР Скопје, Б.Т.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Самоилова“ бил каснат од куче скитник.

На 27.04.2020 околу 13.02 часот во СВР Скопје, М.Ј.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.04.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, Н.М.Б.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Тодор Александров“ нејзината 14-годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

Одделението за внатрешни работи Кратово поднесе кривична пријава против З.К.(51) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.04.2020 во с.Каврак, кратовско, пријавениот од небрежност предизвикал пожар на отворен простор, кој се проширил и зафатил површина од околу осум хектари, во сопственост на пријавениот и на повеќе други лица. Од пожарот била изгорена сува трева, папрат, букова шума, родни дрвца, амбар и плевна во приватна сопственост, со што предизвикал опасност за животот на луѓето и за имотот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против И.З.(34) од с.Врбен – Маврово и Ростуша, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување на јавна инсталација“. На 18.11.2019 во с.Маврово, на место викано „Маврови крстови 2“, во двор од куќа сопственост на И.П. од Гостивар, при изведување на градежни работи, пријавениот со работна машина багер оштетил високонапонски подземни кабли од електрична енергија, сопственост на ЕВН Македонија, при што бил предизвикан прекин во напојувањето на електрична енергија на околу 120 куќи во с.Маврово.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.И.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Во периодот од септември до ноември 2019 пријавената, вработена во фирма од Скопје, во повеќе наврати од фирмата изнела и присвоила за себе поголема количина на разновидни книги, со што се здобила со противправна имотна корист во износ од 355.625 денари.

На 27.04.2020 во 15.20 часот во Полициска станица Карпош, Б.П.(50) од Скопје пријавил дека во парк на ул.„Јуриј Гагарин“  бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

СВР Битола, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Охрид, СВР Тетово поднесоа 34 кривични пријави против: В.М.(24), Н.Н.(21), В.М.(24), Н.Н.(21), сите четворица од Битола, М.П.(59) од Ресен, А.Р.(32) од Прилеп, К.А.(49), В.Б.(45), С.Б.(36), Д.М.(21), М.С.(62), Л.С.(19), сите шестмина од Куманово, С.И.(31), Д.В,(47), Т.С.(46), тројцата од Пробиштип, Б.П.(36) од с.Тработивиште, делчевско, П.С.(38), Д.Д.(22), двајцата од Делчево, М.К.(53) од с.Вирче, делчевско, Д.А.(44), А.И.(27), двајцата од Охрид, Ш.Х.(19), Л.М.(19), Ј.М.(21), тројцата од с.Зајас, кичевско, Р.М.(21) од Гостивар, М.М.(21), С.М.(43), двајцата од Кичево, Ј.М.(43) од Кратово, Љ.Х.(26), С.М.(18), М.М.(22), М.М.(47) и 17-годишник, сите петмина од Скопје, С.М.(54) од с.Брест, Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во период од 31.03.2020 до 27.04.2020 година не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор