Утрински Весник
Македонија

Советот на општина Тетово за првпат ќе одржи седница на интернет

Советот на општина Тетово за првпат ќе одржи седница на интернет

Тетово, 28 април 2020 (МИА) – Советот на општина Тетово утре ќе ја одржи 30. седница со тоа што советниците за првпат ќе учествуваат во работата преку конференциска видео врска на интернет поради пандемијата со Ковид-19. Советниците ќе ги користат лаптопите кои ги имаат од октомври 2019 година.

– Советот ќе расправа по две точки од дневниот ред. Имаме предлог одлука за урбанистичка ревизија на општина Тетово и треба да се усвои записникот од 28-та седница на Советот, истакна Беким Мемети, претседател на Советот.

Во март Советот поради состојбата не одржа седница. Овој состав на Советот на општина Тетово е од локалните избори во 2017 година кога се избраа 31 советник. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври