Утрински Весник
Спорт

Ако Серија А не се рестартира до 14 јуни, сезоната нема да се доигра

Калчолигашите предлагаат да нема изпаѓање оваа сезона и да се прошири лигата на 22 екипи

Рим, 28 април 2020 (МИА) – Клубовите од италијанската фудбалска елитна лига доставија краен рок за рестартирање за сезоната 2019/2020, која во средината на март беше прекината поради пандемијата со коронавирусот.

Според тамошните медиуми, екипите одлучиле дека првенството треба да продолжи најдоцна до 14 јуни или во друг случај Серија А нема да заврши. Сите клубови освен Бреша сакаат сезоната да заврши.

Италија ги олабави карантинските мерки од 4 мај, кога се очекува на тимовите да им се овозможи да тренираат индивидуално додека строго одржуваат социјална дистанца.

Сепак, групните активности ќе започнат на почетокот на 18 мај. На играчите им е потребно 3-4 недели за да влезат во потребната форма за натпреварување. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига