Утрински Весник
Македонија

Апел на Општина Бутел за донација на компјутери за деца од социјалено загрозени семејства

Апел на Општина Бутел за донација на компјутери за деца од социјалено загрозени семејства

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Општина Бутел апелира до жителите и компаниите кои имаат персонални компјутери што не ги користат да ги донесат во Општината за таа да ги донира за учениците од социјално загрозено семејство, каде има од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование.

Од Општина Бутел информираа дека со почетокот на изведбата на он-лајн наставата за учениците која почна како последица од затворање на училиштата поради пандемијата на корона вирусот, увиделе дека не секое семејство има дома компјутер за своето дете ученик.

– Сите сограѓани и стопански субјекти кои имаат домашни или службени  персонални комјутери кои не ги користат или на кои кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација ( куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус) да ги донираат во Општина Бутел. Општина Бутел и ИТ Секторот ќе ќе ги оспособуваат технички донираните комјутери кои подоцна ќе ги подели во општинските основни училишта на Бутел, каде што директорите на училиштата веќе имаат списоци со поднесено барања од родители кои не се во можност да ја следат наставата од овие причини, велат од Општината. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Левица: ДПМНЕ го презеде бизнисот со историскиот криминал на Бехтел и Енка – нивни функционер стана дел од фирмата за надзор

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата