Утрински Весник
Економија

Продажните цени на производителите на индустриски производи во март повисоки на месечно ниво

Објавени огласи за четири мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво и пониски за 0,1 процент на годишно ниво.

Во споредба со февруари, зголемување на цените има во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, како и во групата Интермедијарни производи за 0,2 проценти.

Во однос на март минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 2,7 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Цветановски од ЛДП: Преживување со европски цени и криза – СТОП за банкарските провизии

Владата ги намали акцизите за горивата