Утрински Весник
Спорт

Директорот на Лацио: Министерот за спорт сака да не спречи да играме. Не разбирам зошто Јувентус и Интер молчат

Лацио го освои Суперкупот на Италија

Рим, 28 април 2020 (МИА) – Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре го критикуваше италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора и италијанските врвни клубови за недостаток на обединетост околу позицијата за продолжување на сезоната.

– Сите бевме изненадени. Ние ја почитуваме секоја одлука што ја носи италијанската влада, но 4 мај требаше да биде почетна точка. Се чувствуваме дискриминирани. Ги слушнав зборовите на министерот Спадафора, кој рече дека треба да се размисли за заштита на здравјето. Но, тогаш тој ви овозможува да трчате во парковите меѓу луѓето, а да не го правите тоа во спортски центри со сите мерки на претпазливост. Не знам која е неговата цел, но тоа очигледно не му помага на фудбалот. Неговите одлуки се радикални и имаат за цел да нè спречат да играме, изјави Таре.

Ние сме запознаени со ситуацијата и треба да бидеме внимателни кон жртвите што ги претрпе земјата, но тоа не е добро. Фудбалот е важен социјален фактор за Италија. Не сакаме да ги пуштиме фановите на трибините. Само сакаме да ја завршиме сезоната, почитувајќи ги правилата. Ние на теренот добивме шанса да се бориме за Скудетото. Останаа уште 12 натпревари, па да се зборува за претстојниот триумф е премногу. Покрај тоа, сакаме да ја играме оваа сезона за доброто на италијанскиот фудбалски систем, вели таре.

Тој ја посочи Германија како пример како треба да се реши проблемот.

– Претседателот на фудбалската федерација и шефовите на врвните клубови зазедоа јасен став за да ја започнат сезоната. Ова ќе им овозможи да го одржат интегритетот на фудбалскиот систем во земјата. Ова не важи за Италија. Не можам да објаснам зошто молчат вакви клубови како Јувентус и Интер. Правилата мора да се почитуваат, не постои сомнеж за тоа, нагласува директорот на римскиот клуб. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина