Утрински Весник
Македонија

Герила-акција во Битола: „Oстајте да помини фичото, држете растојание“

Герила-акција во Битола: „Oстајте да помини фичото, држете растојание“

Групацијата „Инфо Акција“ спроведе герила-акција во Битола, за да ги потсети битолчани да го одржуваат растојанието од два метра меѓу човек и човек, за да се спречи ширењето на корона-вирусот.

Акцијата „Oстајте да помини фичото, не се туркајте, држете растојание“, својата инспирација ја црпи од анегдота од периоди на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога што и да се правело/градело/поставувало, требало да се остави доволно простор колку да може да помине фиќо. Случајно или не просторот потребен за да помине едно фиќо е околу 2 метра, што всушност е и препорачаното растојание за спречување на ширењето на Ковид-19.

„Оваа акција е првенствено наменета за постарите генерации коишто се најосетливи на вирусот, а сепак многу често забораваат да го почитуваат препорачаното растојание од 2 метри. Се надеваме дека жолтите фиќовци ќе ги потсетат битолчани посовесно да одржуваат растојание, барем онолку колку да помине фиќо меѓу нив“, велат активистите.

Покрај силуетите од фиќовците, во рамки на акцијата се направени и поголеми количини налепници кои потсетуваат на потребата за одржување растојание, како и на генералните препораки за заштита од КОВИД-19.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме