Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 26 степени

Сончево и топло до 26 степени

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од  16 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип