Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Поради исклучително тешката ситуација во која се наоѓаат производителите на зелка, предлагам веднаш да се донесе интервентна мерка

Трипуновски: Исплатата на субвенциите за тутун се обврска, а не милостина на Николовски и Заев

Скопје, 27 април 2020

Коронавирусот и неспособноста на СДСМ одат рака под рака и значат смрт за македонското земјодлство.

Откупот на зелката, раноградинарска култура од чија продажба живеат илјадници семејства во струмичко – валандовскиот регион оваа година е катастрофален. Откупната цена од самиот почеток беше ниска.

Во моментов откупната цена е 5 денари за килограм и со оваа ниска цена земјоделците неможат да преживеат ниту да ги подготват нивите за нова култура.

Имајќи ја во предвид исклучително тешката ситуација во која се наоѓаат производителите на зелка, предлагам веднаш да се донесе интервентна мерка за субвенционирање на килограм предадена зелка во регистрираните откупни компании.

Субвенцијата да ја покрива разликата од цената на продажба до 10 денари. Односно ако земјоделецот ја продал зелката за 5 денари, да добие дополнителни 5 денари од државата.

Само на овој начин земјоделците производители на зелка ќе можат да го поминат перидов без егзистенцијални кризи.

Потребни ни се силни земјоделци бидејќи потребата од храна допрва доаѓа. Земјоделците на прво место. Тие не хранат сите нас. Тие ја хранат нацијата.

Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст