Утрински Весник
Македонија

Пановски: Поминат е пикот на заразата

Пановски: Поминат е пикот на заразата

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Пикот на Ковид-19 е поминат и бил пред десетина дена кога имаше 107 новодијагностицирани, смета микробиологот, професор д-р Никола Пановски.

– Не очекувам да има поголем број на инфицирани, односно докажани позитивни и не значи дека 1600 би бил пик ако сега имаме по 20 или 30 дневно, а може и помалку. Мислам дека почнува кривата да се спушта, дека е пројден тој пик, речиси сум сигурен. Нормално дека министерот е порезервиран, бидејќи тој кажува поодговорно и може да го нападнат дека згрешил. Мислам дека тој и епидемиолозите се 95 проценти свесни дека пикот прошол, односно дека нема да има нагорна линија на заболени, туку дека ќе има ист број и со време и помалку докажани болни. Уште 15 дена бројот на починати веројатно ќе остане ист, а може и ќе расте, вели Пановски одговарајќи на прашање кога би можел да го очекуваме пикот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој вели дека било евидентно оти Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести го предвидувале полошото сценарио и мерките што ги преземале биле во случај да биде посериозна состојбата.

– Пикот веројатно беше кога беа тие 107 пред десет дена, ако веќе мора да има пик. Така да покрај овие бројки, јавноста треба да знае дека има бројки и процент на позитивни тестови. Едно време одеше преку 10 проценти, а сега со денови веќе, без разлика дали имало 40, 20, 13 итн. е под седум проценти. Од тие што се испитувани процентот е се понизок што охрабрува, смета Пановски.

Додаде дека засега мерките што ги предвиделе надлежните даваат резултати, и оти многу добро се справуваат со заразата. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков

Вистински резултати во борбата против корупцијата нема да се постигнат со поединечни случаи, туку со целосно менување на системот, смета Филипче

Денеска променливо облачно со сончеви периоди