Крива Паланка, 27 април 2020 ( МИА) – Градскиот зелен пазар во Општина Кратово ќе биде отворен оваа сабота, информираат од локалната самоуправа.
Оттаму посочуваат дека во насока на запазување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 на Министерството за здравство, пазарот ќе работи од 7 до 13 часот, а ќе се врши продажба на земјоделски и прехранбрени производи.
– Јавното комуналнон претпријатие од Кратово ќе изврши распоред на тезгите и ќе превземе мерки за заштита, со поставување дезинфекциони средства на самиот влез на пазарот, додека продавачите се должни да носат соодветна лична заштитна опрема и де се придржуваат кон пропишаните мерки на Владата на РСМ. Аплерираме часовите кога е дозволено движење за лицата над 67 години, пазарот да го посетуваат повозрасните лица, додека пред и потоа сите останати граѓани и на тој начин да го намалиме ризикот, посочуваат од локалната самоуправа на Општина Кратово.
Од локалната самоуправа апелираат граѓаните да носат заштитни маски и ракавици, да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните институции секој ден.ид/фф/