Утрински Весник
Македонија

Филипче: Подготвени сме за новиот бран што го очекуваме наесен

Филипче: Мајката и синот од Велес починале во март, а не во јануари

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека државата е подготвена и има организирани капацитети за следните месеци, а посебно за почетокот на есента кога, како што рече, ќе има нов бран на заболени, но и дополнително оптеретување со сезонскиот грип.

-Ние практично го правиме планот, добар дел и го направивме што и како треба да ни бидат организирани капацитетите за следните месеци, посебно за почетокот на есента кога сме прилично сигурни дека ќе имаме нов бран на заболени, дополнително оптеретување со сезонскиот грип. Ние веќе сега се престројуваме, научивме сега што и како треба. Имаме дополнителни капацитети на Инфективната клиника, „8 Септември“, болницата знаеме како да ја организираме и паралелно на тоа да нема одлагање ниту на хронични пациенти коишто сега се одложени, рече Филипче на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Според министерот Филипче, секоја земја до сега има научено дека е добар системот на размена на искуства преку СЗО и дека следниот предизвик што ќе дојде во есенските месеци многу подобро сите држави ќе го изменаџираат.

-Апсолутно сите земји научија како и во која насока треба да го спремат нивниот здравствен систем за периодот којшто доаѓа. И мислам дека и ние сме на добар пат во однос на тоа. Со овој предизвик ниту еден здравствен систем во светот не бил соочен досега – да има нова болест каде треба пациентите да се третираат сосем изолирано од сите други со целосно изолирани капацитети и персонал, кадар, изјави Филипче.

Ниту еден здравствен систем, како што рече, ова не го предвидел, ниту пак може веднаш да биде спремен и да одговори.

Министерот смета дека добро е амортизиран бројот на пациентите, стапката на смртноста е во рамките, се движи исто како и во регионот, но додаде дека се уште е рано да се извлече генерален заклучок.

-Сметам дека добро го амортизиравме бројот на пациенти. Смртноста е некаде во рамките, исто како што се движи во регионот. Со бројот на тестови сме задоволни – колку сме направиле тестови на милион жители. Се уште е рано да извлечеме еден целокупен заклучок, но нешто приметуваме. Значи, со една реченица – се она што значи враќање на животот постепено, не нагло, онака како што било по старо  и во истата таа смисла организација на здравствениот систем со активирање на сите нивоа на здравствена заштита во насока на добра организација или менаџирање на некој следен пик на оваа болест, додаде министерот Филипче.бт/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алкохол, паника и бегство – рација на МВР на концерт со малолетници во Дојран

Денот на трудот, враќање на достоинството на работникот

КОЛУМНА НА ИВАН АТАНАСОВСКИ: ДЕНОТ НА ТРУДОТ, ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА РАБОТНИКОТ