Утрински Весник
Спорт

Милан фаворит за Ругани

Милан фаворит за Ругани

Торино, 27 април 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, може да се пресели во Милан, пренесува „Калчомеркато“. Според изворот, „росонерите“ се фаворити во борбата за 25-годишниот Италијанец.

Јуве сака да добие околу 20 милиони евра за играчот, а Фиорентина, Наполи и Арсенал исто така се подготвени да преговараат.

Ругани беше првиот играч на Серија „А“ на кој му беше дијагностициран коронавирус минатиот месец, но сега е целосно здрав.

Оваа сезона тој има 7 натпревари на сите турнири.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп