Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка почнаа активностите од проектот „Младите од Бугарија и РС Македонија заедно за туризам како превенција на здравјето“

Во Крива Паланка почнаа активностите од проектот „Младите од Бугарија и РС Македонија заедно за туризам како превенција на здравјето“

Крива Паланка, 27 април 2020 (МИА) – Во Крива Паланка денеска почна зградбата на мини-голф терен на десниот брег на Крива Река кој се гради во рамки на проектот „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како  превенција за здравјето“.

Проектот го спроведуваат Центарот за развој на североисточениот планински регион (СИПР) од РС Македонија и Фондацијата за здравствена превенција од Република Бугарија, официјално отпочна да се реализира 16 март 2020 година, а е финансиран од ИНТЕРЕГ ИПАПрограмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и РС Македонија.

Покрај останатите предвидени активности од двете страни на границата, дел од активностите од овој регионален проект се одвиваат и во општина Крива Паланка и ќе се имплементираат во две фази. Првата фаза предвидува градежни работи, изградба на мини голф игралиште спроти градскиот парк, како и модерна фитнес зона што ќе биде а е лоцирана во самиот кеј на Крива Река. Дел од реквизитите и спортските инсталации ќе бидат адаптирани за лица со попреченост. Втората фаза од проектот предвидува ораганизирање спортски игри и натпревари, што ќе се востановат како годишна пракса за децата од овој прекуграничен  регион, информира службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка.

Целта на проектот  е да се ​​промовира соработка помеѓу регионалните актери во областа на одржливиот туризам, промоција на здравјето, како и создавање на центар за здравствено и туристичко мрежно поврзување за деца и млади и деца со попреченост.ид/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Филипче: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути