Утрински Весник
Македонија

На ЦЈЗ Велес ќе биде назначен нов директор, АД Бутел ќе ги намали цените на погребалните услуги

МЗ: Не се точни информациите дека мајката и синот од Велес се починати повеќе од еден месец

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Ги направивме сите анализи кои се однесуваат на Центарот за јавно здравје Велес. Направиме детална анализа на извештајот, проценка на информациите кои дојдоа од повеќе страни. Утре или задутре ќе биде назначен нов директор на Центарот за јавно здравје – Велес со оглед на пропустите кои беа детектирани во работата на таа јавна здравствена установа, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација.

Нагласи дека уште кога биле утврдени недостатоците, направени се прераспределби на кадарот и во пунктот за зимање брисови, со цел да функцонира соодветно.

Тој се заблагодари на претпријатието Бутел што излезе во пресрет за намалување на цените на погребалните услуги за починатите од коронавирусот.

– Вчера имавме разговор со директорот на претпријатието и денеска излегоа со соопштение, рече Филипче. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила