Утрински Весник
Македонија

Непостапиле според здравствените прописи за КОВИД-19, казнени налози за осум лица од Штип

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Штип.

– Седум обвинети не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата, па со возило или пеш се движеле низ Штип и Пробиштип. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија. За овие обвинети, обвинителството му предложи на судот да им изрече парични казни во висина од по 50 дневни глоби , секоја дневна глоба во висина од по 10 евра во денарска проиввредност, информираат од обвинителство.

За осмно обвинетиот од обвинителство велат дека 10 април го напуштил својот дом во кој требало да се придржува на задолжителната самоизолација. Имено, лицето било задолжено да биде во самоизолација откако имал ризичен контакт со друго лице позитивно на коронавирусот. Но, овинетиот го напуштил живеалиштето за да појде до банкомат.

Основното јавно обвинителство прдложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​ оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес