Утрински Весник
Македонија

Во Скопје и вечер две изведби на отворено во рами на „Култура во време на Корона“

Во Скопје и вечер две изведби на отворено во рами на „Култура во време на Корона“
Dik 300x250 mk

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Две нови изведби од програмата „Култура во време на Корона“ денеска ќе се одржат во Скопје. Во 20 часот, кај средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, познатата виолинистка Пламенка Трајковска и гудачкиот состав ќе одржат едночасовен концерт, а во 21:15 часот DJ ELECTRON ќе има свој настап кај Паркот Лазо Москов во населбата Скопје Север.

Настапите, како што информираат од Град Скопје, ќе биде стримувани на фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs и на  Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw.

Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април годинава објави јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/.

-Со овој повик ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до два часа  за кои техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје, и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до два часа. Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, потсети Град Скопје. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца