Утрински Весник
Македонија

Почна сезоната на печурката „смрчак“ во Пијанец

Почна сезоната на печурката „смрчак“ во Пијанец

Делчево, 27 април 2019 (МИА) – Почна сезоната на „смрчак“, една од најбараните и најскапи печурки во светот. Првите количини кои се пронајдени на територијата на Пијанечкиот регион веќе се откупени, а како што велат локалните откупувачи, се очекува на почетокот на месецот нивната појава да биде зголемена.

-Смрчакот е печурка која најмногу може да се сретне во иглолисни планински шуми и тоа најчесто во период по пожари или изразено високи температури над 20 степени. Причината за појава на оваа печурка во месец април е резултат на сончевиот период кој владееше во изминатиот период. Смрчакот покрај тоа што е достав вкусна печурка, држи и доста добра цена. Цената може да достигне и до 1.000 денари за килограм, велат од локалните откупувачки центри во Делчево.

Дождот кој падна во текот на вчерашниот ден, според печуркарите ќе придонесе да почне појавата и на останати печурки.

-Тука најизразени се лисичарката, вргањот и јајчарката. Очекуваме наскоро со подобрување на ситуацијата со коронавирус целосно да се посветиме нансобирањето печурки, бидејки сезонски може да се живее од тоа, велат собирачите на печурки.

Минатата година беше добра за берачите кои очекуваат и годинава до 10 тони печурка да биде откупена на подрачјето на Пијанец. вс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”