Утрински Весник
Македонија

Патот од Криволак до мостот пред Армискиот полигон до 1 мај ќе биде затворен за сообраќај

Патот од Криволак до мостот пред Армискиот полигон до 1 мај ќе биде затворен за сообраќај

Неготино, 27 април 2020 (МИА) – Патот од Криволак до мостот пред Армискиот полигон до 1 мај ќе биде затворен за сообраќа, информираа од Oпштина Неготино.

– Поради изведување на градежни работи, од утре до петок, затворен за сообраќај ќе биде локалниот патен правец од селото Криволак до железниот мост пред Армискиот полигон Криволак. Се известуваат моторизираните граѓани кои досега го користеа овој патен правец за движење со возила, од утре до петок движењето да го пренасочат по околните споредни патишта, соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму нагласија дека по завршувањето на градежните активности, ќе се нормализира и движењето по овој патен правец.свд/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа

ВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во Клиничката болница

Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати