Утрински Весник
Македонија

Поради пандемијата одложено е поставувањето на споменикот за Горан Стефановски

Поради пандемијата одложено е поставувањето на споменикот за Горан Стефановски

Поради мерките за спречување на корона вирусот, одложено е поставувањето на споменикот за македонскиот драмски писател Горан Стефановски. Клупата требаше да се донесе од Лондон и да биде поставена во Дебар Маало. Минатата година, Општина Центар го најави поставувањето на овој споменик во негова чест.

„Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар Маало за да ја откриеме клупата на Горан (заедно со една мала забава за неговиот роденден). Тоа, како и многу други нешта, не се случи, но се надевам дека во скоро време ќе бидеме заедно за овој и сите културни настани кои толку многу ни фалат овие денови“ – напиша на својот Фејсбук профил, синот на Стефановски, Игор.

Стефановски е роден на денешен ден, 27 април 1952 година во Битола. Тој почина на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што и живееше. Во својот тестамент тој изразил желба пепелта да биде растурена над Охридското Езеро.

Стефановски е автор на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Негови најпознати дела се легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето