Утрински Весник
Магазин

Турските хотели без „шведска маса“

Турските хотели без „шведска маса“

Истанбул, 27 април 2020 (/) – Хотелите во Турција кои добија здравствени сертификати, ќе започнат да се отвораат до крајот на мај, рече министерот за туризам и култура Мехмет Ерсој, истакнувајќи дека нема да има вклучена „шведска маса“.

Хотелите ќе бидат принудени да работат со половина од капацитетот на своите соби. Ако хотелот има 500 соби, на пример, туристите ќе бидат сместени само во 250 од нив.

Туристите како алтернатива за „шведската маса“ ќе добијат сеопфатно мени и услуги по порачка.

За да се исполни потребното растојание, ќе се намали бројот на масите во рестораните. Предвидено е дека за хигиенски цели вакви мерки ќе бидат воведени во сите ресторани, кафулиња и установи за одмор.

Физичкото растојание на плажа е сè уште задолжително, со што се намалува бројот на лежалки.
Персоналот во хотелите ќе помине дневно на преглед и ќе носи маски, нараквици и специјална заштитна облека.

Од хотелите со „здравствен сертификат“ се бара да обезбедат 24-часовна должност на повик на квалификуван медицински персонал.

Почетокот на странскиот туризам во земјата може да се очекува до крајот на август. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува