Утрински Весник
Економија

Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, во сила одлуката за затворање на аеродромите

Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен од утре на полноќ за патнички летови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Министерството за транспорт и врски апелира до граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети бидејќи се уште е во сила е одлуката за затворање на двата меѓународни аеродроми во земјава поради пандемијата со коронавирусот.

– Сакаме да потенцираме дека во сила се уште важи Одлуката за затворање  на „Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромот  „Св. Апостол Павле во Охрид. Тоа значи дека се додека не се донесе друга одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници, се вели во денешното соопштение од Министерството по објавите во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии.

Од ресорното Министерство нагласуваат дека во моментов не може да се предвиди кога повторно ќе се нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

– Се до донесување на нова одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци. За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме, велат од Министерството за транспорт.

Апелираат граѓаните да ги следат информациите што се објавуваат од Владата и ресорните министерства. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра