Утрински Весник
Спорт

Премиер лигата ќе дозволи пет замени по натпревар

Клубовите во Премиер лигата ја вратија старата рамка на летниот трансфер прозорец

Лондон, 27 април 2020 (МИА) – Раководството на Премиер лигата е подготвено да им овозможи на клубовите да направат пет замени во натпреварите по продолжувањето на сезоната, прекината поради пандемијата на коронавирус, објави „Сан“.

Постојат стравувања дека играчите нема да бидат во најдобра физичка состојба, што ќе го зголеми ризикот од повреди.

Исто така, веројатно е дека ќе се одржат по два натпревара неделно.

Претходно, пет замени беа направени во натпревари како привремена мерка предложена од ФИФА. Сличен предлог во Италија даде тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери.

Доколку биде одобрено, клубовите од Премиер лигата сами ќе одлучат дали сакаат да го користат. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓорческа го загуби четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Почина Душко Вујошевиќ – 24info.mk

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1