Утрински Весник
Спорт

Имобиле за Емери: Во Севиља сфатив дека тој воопшто ништо не разбира

Имобиле не тренира поради покачена температура

Рим, 26 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле се сети на периодот на настапите во Севилја под водство на тренерот Унаи Емери.

– Во Севиља ми беше непријатно, ми дадоа малку шанси. Во јануари бев на заминување, но Емери побара да останам. Веднаш постигнав два гола, но после тоа Емери повторно ме отстрани од составот. Тогаш сфатив дека тој воопшто ништо не разбира, изјави Имобиле.

Во сезоната 2015/16, Италијанецот настапи само на осум натпревари во првиот дел од сезоната во Ла Лига, постигнувајќи два гола.

Во јануари 2016 година, тој се пресели во Торино. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бразил убедлив против Шкотска – 24info.mk

Швајцарија и Канада во нокаут фазата, БиХ го совлада Катар

Историски триумф за БиХ на Мундијалот, Швајцарија го завери пласманот понатаму