Утрински Весник
Спорт

Во случај на продолжување на шампионатот на Шпанија, ќе се стерилизираат теренот и топките пред натпреварот и за време на паузата

Ла Лига ги објави двојките за премиерното коло во новата сезона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 26 2020 (МИА) – Рафаел Рамос, претседател на Здружението на лекари на Фудбалска федерација на Шпанија, зборуваше за мерки на претпазливост во случај на продолжување на шпанското првенство.

– На почетокот, играчите нема да контактираат едни со други како што се навикнати. Ќе видиме поинаков вид фудбал. Сè ќе биде малку поразлично. Играчите нема да се држат едни со други за време на корнерите.

Дали има ризик играчите да се заразат ако топката им удри во лицето? Не, затоа што целата опрема, вклучително и теренот и топчињата, ќе биде стерилизирана пред и по натпреварот, како и за време на паузата. Удирањето на стерилна топка во стерилно поле ќе го отежне заразувањето, соопшти Рамос. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025